Со еден потег покажа сè: Војаж откри колку ја почитува Бресквица по разделбата

Со еден потег покажа сè: Војаж откри колку ја почитува Бресквица по разделбата

Објавена во: Stars // Музика

Иако раскинаа уште на почетокот на годината, Војаж и Бресквица често се главна тема на социјалните мрежи, а тој сега со овој потег покажа колку ја почитува и по разделбата.

Војаж и Бресквица ставија точка на својот љубовен однос уште на почетокот на годината и набрзо ги започнаа своите соло музички кариери.

Младиот рапер постигна голем успех по разделбата и оствари прекрасни соработки меѓу кои е и една интернационална, со грчкиот рапер Сник, која ја работеа со продукцијата IDЈ.

Иако Војаж повеќе не го експонира својот љубовен живот, Бресквица сепак одлучи неодамна да ја објави првата заедничка фотографија со новото момче за кое се зборува дека е 8 години постаро од неа и дека работи во полиција.

Помина повеќе од половина година, а Војаж на еден од последните настапи покажа дека и понатаму ја почитува својата поранешна девојка.

„Ајде сега да слушнам еден голем вресок за Бресквица! Ајде да слушнам! Браво, внимавајте на ова... Не морам да најавувам, пуштајте“ - кажа тој и почна да ја пее нивната заедничка песна „Бели град“.

@breskvicaaa_fpl

#fyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfyfy #foryou #fyp #breskvica #andjelaignjatovic #vojazibreskvica @voyage.808  @brrreskvaa

original sound -

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: