Со емотивна порака ги расплака сите: Ќерката на Пол Вокер за роденденот на својот татко
Пол Вокер трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа пред седум години, а вчера, на 12 септември е роден омилениот и никогаш непрежален актер.
Неговата ќерка Медоу Рејн Вокер, која од својот татко го има наследено ангелскиот поглед и сини очи, на својот Инстаграм профил сподели емотивна порака на денот на неговиот роденден, која ги расплака сите.
„Моментот кога сфатив дека сме близнаци. Среќен роденден на најубавата душа“ - напиша таа покрај фотографијата од детството, на која позира во прегратката на својот татко.
Може да ве интересира:
Наследничката на Пол Вокер сподели досега необјавено видео од својот покоен татко