Со фотографија од детството му го честиташе роденденот: Како изгледа помалата сестра на актерот Тино?
Откри како изгледал актерот како дете...
Актер Валентин Костадиновски, во јавноста попознат како Тино, вчера славеше роденден.
По тој повод неговите пријатели, колеги, соработници, но и членови на семејството му упатија јавни честитки и му посакаа најубави желби.
Од сите честитки особено се издвои онаа која му ја упати неговата помала сестра Тамара. Имено, таа на стори на Инстаграм, сподели фотографија од нивното детство на која напиша: „Среќен роденден бато. Те сакам најмногу иако си стар веќе“.
Дека и таа има смисла за хумор како и нејзиниот брат, може да се заклучи од оваа објава, но Тамара, за разлика од Тино не е дел од јавниот живот. Од нејзиниот Фејсбук профил може да се дознае дека била студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а дали се занимава со право или со некоја друга професија која се изучува на овој факултет не е познато.
На фотографиите во продолжение, може погледнете како изгледа таа денес:
фото: Принтскрин / Инстаграм