Со години ја исмејувале поради физичкиот изглед: Сега работи како модел и е среќна повеќе од било кога (ФОТО)
Според нејзините зборови, децата ѝ се потсмевале на сметка на изгледот, ја избегнувале и ѝ давале погрдни имиња...
Тајла Клемент (24) од Нов Зеланд е родена со синдром Мобиус, поради што нејзиното лице никогаш не го красела насмевка.
Имено, синдромот Мобиус се добива од раѓање, а тој ги зафаќа кранијалните нерви, поради што заболените не можат да го движат лицето.
Тајла поради овој синдром никогаш не ги поместила очите од лево на десно, никогаш не ги кренала веѓите и никогаш не ја поместила горната усна, а поради сето ова, Тајла била жртва на врсничко насилство.
„Водев сериозни битни со своето ментално здравје и долго време ми беше тешко да се прифатам себе“ - вака ја започнува својата приказна Тајла Клемнт.
Меѓутоа, по многу труд и борба, оваа девојка успеала да се засака себе, баш таква каква што е.
„Сакам да ѝ докажам на помладата себе дека сум доволна, дека сум вредна и дека ќе ги исполнат сите свои соништа“ - кажа Тајла, која сега има скоро 25.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Дека после дождот секогаш доаѓа сонце, докажува и повикот кој го превртел животот на Тајла за 180 степени.
„Со мене контактираа луѓе од агенција за модели и ме прашаа дали би сакала да работам за нив. На мојата среќа немаше крај, а целта на сето ова е да ја нагласам важноста на едноставноста“ - посочи оваа девојка и призна дека патот до успехот бил трновит.
Според нејзините зборови, децата ѝ се потсмевале на сметка на изгледот, ја избегнувале и ѝ давале погрдни имиња. Тогаш, како што вели, на 11 години одлучила да оди на операција и да направи сѐ што е во нејзина моќ.
„Се разбудив потечена и полна со модринки. Изгледав ужасно и тоа дополнително ме скрши“ - раскажа таа.
Наместо да ги „реши“ своите проблеми, Тајла кажа дека следните 12 месеци ги поминала заздравуваќи од операцијата, а најлошо од сѐ било тоа што хирурзите не успеале да воспостават нервна врска на нејзиното лице.
Тогаш малтретирањето станало и физичко, децата ја удирале во нозе со надеж дека ќе падне, ја туркале од врвот на скалите, а некои деца на училиште носеле најлонски кесиња, барајќи од неа да ги стави на глава.
Тајла се откажала од училиштето за да побегне од насилството и признала дека во тој момент ментално „го допрела дното“.
Меѓутоа, кажа дека тогаш нешто во неа се „разбудило“ и дека одлучила никогаш повеќе да не се откаже од себе.
„Напорно работам и се трудам што повеќе да го прифатам лицето со кое сум родена“ - заклучи Тајла.
фото: Принтскрин / Инстаграм