Со лажни документи ја натерале да зборува: Истрага за интервјуто на Дајана со кое го разбесни кралското семејство

Со лажни документи ја натерале да зборува: Истрага за интервјуто на Дајана со кое го разбесни кралското семејство

Објавена во: Живот // Живот

На Би-Би-Си моментално се води голема истрага против интервјуто кое покојната принцеза Дајана го дала на Мартин Башер пред 25 години. Тој успеал да ја наговори принцезата да зборува за својот брак со принцот Чарлс и таа тогаш првпат ја раскажала својата страна од приказната за нивниот брак.

Сега се дознало дека 57 - годишниот Башир наводно лажел и се послужил со некои измами за да ја наговори принцезата на интервју.

Имено, на принцезата и покажал документи кои потврдиле дека некои членови од персоналот на кралското семејство давале информации за медиумите и дека имал докази како банкарски сметки на тие личности, кои докажувале дека добиле прилично голема сума на пари за информациите, наведува вечерњи.хр.

Принцезата се согласила на интервју и го раздрмала кралското семејство, а особено кралицата Елизабета која по нејзините изјави за односот со принцот Чарлс и Камила Паркер, барала од Дајана и Чарлс и официјално да ги предадат документите за развод.

Би-Би-Си започна истрага против Башир и графичкиот дизајнер Мет Вислер, кој наводно на барање на Башир ги направил лажните банкарски изводи кои и биле прикажани на принцезата во интервјуто.

Првата истрага е започната набрзо по објавата на интервјуто и тогаш целата вина паднала на грбот на Вислер и тој кажал дека немал поима дека тие документи водителот ќе ги користи во интервјуто.

Сега повторно е започната истрага која се обидува да утврди што точно се случило, но резултатот од истрагата нема да биде готов за брзо, бидејќи Башир е во болница поради проблеми со срцето, а опоравувањето му е отежнато, бидејќи бил заразен и со коронавирус. Принцезата Дајана подоцна се покаја што го дала интервјуто, бидејќи принцот Вилијам поради тоа имал проблеми на училиште и децата му се смееле и бил многу лут на својата мајка.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: