Со љубов и истрајност, сѐ се може: Мартин и Радмила - лица со оштетен слух, го отворија првото знаковно кафуле во Битола

Со љубов и истрајност, сѐ се може: Мартин и Радмила - лица со оштетен слух, го отворија првото знаковно кафуле во Битола

Објавена во: Совети // Семејство

Радмила Периќ е родена во Богданци, а Мартин Ангелов во Битола. Се запознаваат во средно училиште во Скопје и така започнува нивната приказна.

Радмила и Мартин и двајцата се со оштетен слух, а нив ги запозна јавноста минатата година, кога го отворија првото знаковно кафуле во Скопје и докажаа дека ништо не би требало да биде пречка на секој еден што сака да си го оствари својот сон. 
Но, поради високи трошоци и потешкотиите кои ги донесе пандемијата, одлучија кафулето да го преселат во градот кој е познат по културата на пиење кафе, а воедно и роден град на Мартин, Битола. 

Сега кафетеријата "Улаф сте" е  лоцирана  покрај  реката  Драгор,  на  почетокот  од  Старата битолска чаршија. Со ова Битола го добива своето прво знаковно кафуле, и, ако некогаш престојувате во Битола, дојдете, љубезно ве покануваат гостопримливите домаќини Мартин и Радмила. 
И нема да погрешите бидејќи ќе наидете на една пријатна атмосфера, добро кафе, интересно мени и ќе се чувствувате убаво давајќи им поддршка на домаќините. Ова е место кое ќе ви понуди нешто сосем поинакво од она на што сте навикнати бидејќи и вработените се со оштетен слух, што ќе ве натера да почнете да комуницирате на знаковен јазик. А доколку не го знаете, имате шанса да научите, зошто менијата се направени така да ви објаснат како да нарачате.

Нивната идеја има и племенита цел, а тоа е да им се даде шанса на лицата со оштетен слух, и воопшто на лицата со инвалидитет, да работат.

- Минатата година отворивме кафуле во Скопје, но само што започнавме,  пандемијата  со корона стана наша реалност,  трошоците  ни  беа  превисоки,  не  можевме  да  издржиме,  па  се  одлучивме  да  го  затвориме  таму  и  истото,  заради  пониски  трошоци  на  работење  да  го  преселиме  во  градот  кој  е  познат  по  културата  на  пиење  на  кафе,  а  воедно  и  во  родниот  град  на  Мартин,  а  тоа  е  Битола.
Целиот  ентериер  и  опрема  ја  однесовме  во  Битола.  Трагавме  по  добра  локација и ја најдовме. Не е на главната улица, сакавме поинакво... похипстерско место и го најдовме. Кафетеријата "Улаф сте" е  лоцирана  покрај  реката  Драгор,  на  почетокот  од  Старата  битолска  чаршија.  И  ако  некогаш  престојувате  во  Битола,  дојдете - вели Радмила.

Оштетениот слух кај неа и Мартин, не беше пречка за да развијат сопствен бизнис.
За кафето велат дека не е обичен напиток, туку цела една филозофија и токму понесени од тоа, доаѓаат на идеја да отворат сопствено кафуле.

-На едно наше заедничко патување во Холандија, каде поминавме извесен временски период како волонтери, имавме шанса да живееме во Амстердам и да видиме како таму кафетериите се во суштина места за кафе култура. Ние многу почитуваме добро кафе, особено Мартин кој е навистина навлезен во суштината на правењето на тој напиток, кој не е само обично кафе. Тоа е една цела филозофија. Она што го видовме во Амстердам, ни беше сон да го направиме тука кај нас. Да имаме свое место кое ќе го слави доброто кафе, а луѓето ќе доаѓаат во простор кој е ненаметлив, а пријатен и ќе уживаат седејќи и пиејќи добро кафе, раскажува Радмила.

За нивната успешна приказна слушна цела Македонија, но лесен ли беше патот да се стигне до овде, да отворат сопствено кафуле.

-Нашите семејства, нашите пријатели...тие беа наши најголеми поддржувачи. Имавме и добра шанса, се вклучивме во програмата за самовработување на УНДП. Не беше лесно, но ние бевме оптимисти дека можеме и сакаме. А кога ги имаш тие две определби, не можеш да не успееш.Наидовме само на поддршка. На добри луѓе, луѓе кои не ги познаваме, но доаѓаат и ни честитаат. Има огромна радост кога работиме. Тоа се гледа и од наша страна, но и гостите кои доаѓаат, доаѓаат со намера да кажат дека се тука за поддршка. Преубаво е чувството.

“Немате шанса како глуви луѓе да се занимавате со бизнис“, е реченица која велат дека често ја слушале, но сепак покажаа и докажаа дека промените ги правиме самите ние, без себеограничување, а со љубов и истраност сѐ се може.

ишто не би требало да му биде пречка на секој еден што сака да си го оствари својот сон. Ќе им порачаме на сите да веруваат во себе и во своите потенцијали, кога се сака, со љубов и истрајност, сѐ се може! Ние со нашите гости комуницираме на знаковен јазик. И не е невозможно. Со отварањето на кафетеријата ние покажавме дека е предизвик да покажеме дека промените ги правиме сами, без себеограничување.

Нашата идеја има и племенита цел, а тоа е да им се даде шанса на лицата со оштетен слух да работат, но и да ги научат другите по нешто за нивната комуникација и за нивниот тивок свет - порачуваат за крај Радмила и Мартин во интервјуто кое го дадоа за Женски магазин во април годинава.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: