Со мотиви од Били Ајлиш: Внуката на Каролина го прослави роденденот во карантин
Луција е првата теткина љубов на Каролина и дефинитивно тие две се неразделни.
Вчера Луција наполни 9 години и роденденот го прослави во карантин. Гордата тетка од прославата сподели една фотографија, на која се гледаше дека роденденската маса е украсена со мотиви од светски познатата пејачка Били Ајлиш.
„Среќен роденден на најголемиот фан на Били Ајлиш“ - напиша пејачката покрај фотографијата.