Со неа изрсанаа многу генерации: Ќе се изненадите како денес изгледа Пипи Долгиот Чорап

Со неа изрсанаа многу генерации: Ќе се изненадите како денес изгледа Пипи Долгиот Чорап

Објавена во: Stars // Филм

Шведската актерка Ингер Нилсон беше првата што ја оживеа популарната девојка Пипи Лонгсток, уште во 1969 и 1970 година, кога легендарната серија и филм беа базирани на истоимената книга на шведската писателка за деца Астрид Линдгрен.

Иако помина долго време откако ја имаше на малите екрани во една приказна што е микс од реалноста и имагинацијата, веруваме дека насмевката на препознатливата актерка веднаш ќе ве поврзе со необичното девојче со пеги, најпознатиот измислен лик.

Инаку, вистинското име на актерката е Кетрин Ингер Моника Нилсон, а во моментов има 61 година.

Денес живее во Стокхолм и работи како секретарка, а повремено прифаќа и по некоја театарска улога. За улогата на Пипи Лонгсток, со која пораснаа многумина, во 1975 година ја освои наградата „TP de Oro“ за „најпопуларен лик“.

Нилсон подоцна се појави во неколку филмови и серии. Уште во 2000 година го снимаше „Gripsholm“ во режија на Хавиер Колер, а седум години подоцна глумеше во германската ТВ серија „Der Kommissar und das Meer“.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: