Со песна од Есма Реџепова ѝ го честитаа роденденот на мама: Маркус и Мартинус ги збунија обожавателите

Со песна од Есма Реџепова ѝ го честитаа роденденот на мама: Маркус и Мартинус ги збунија обожавателите

Објавена во: Stars // Музика

Маркус и Мартинус објавуваат најразлични работи на своето стори на Инстаграм, но ништо не предизвика толкаво внимание како видеата кои ги објавија овој вторник. Имено, тие на нивната мајка го прославуваа роденденот, а Маркус го одбележа со тоа што ѝ пушти песна од легендарната македонска пејачка, Есма Реџепова.


Во видеото Маркус го гледаме како со насмевка ужива покрај својата мајка на песната „Чаје шукаририје“, која Есма ја објави уште во 1961 година. Она што многумина не го знаат е дека таа оваа песна не ја преработила, туку дека е нејзина оригинална верзија. На младата популација, најверојатно попозната е верзијата на Здравко Чолиќ, кој и даде на песната поп звук. Доколку несе лажеме, Маркус и мајка му го гледале ова видео во продолжение.


Сега сите ги интересира од каде оваа песна. Маркус и Мартинус не биле во Македонија, а колку што се знае, ниту нивната мајка не води потекло од овие простори. Единствено нешто што може да се каже како причина е тоа што може оваа песна им ја кажал српскиот фудбалер Лука Илиќ со кој секогаш се дружат.

Даали вие можеби имате идеја што се случува тука? Каква врска има Есма Реџепова со роденденот на мајката на Маркус и Мартинус? 


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: