Со подобрување на епидемиолошката слика следува и враќање во училишните клупи: Средношколците засега ја прифаќаат онлјан наставата
Лидерот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи денес се обрати на медиумите. Тој пред Министерството за образование и наука, порача дека средншколците ќе ја прифатат наставата на далично. Исто така, посочи дека во оној момент кога ќе се подобри епидемиолошката слика сакаат да се вратат во училишните клупи, бидејќи во спротивност ќе ја бојкотираат наставата.
„Ќе почнеме онјалн, но ако се подобри состојбата, сакаме комбинирана настава. Доколку тоа не се случи во ноември, ние ќе ја бојкотираме наставата. Ова не треба да се сфати како компромис со Владата, туку јасно барање на средношколците“ – вели Бленди Ходаи.
Инаку, лидерот на Сојузот на средношколци посочи за ова се решиле преку дискусии со средношколците од сите градови.
фото: Фејсбук