Со ретка фотографија со татко му ги разнежни обожавателите: Џастин Бибер знае да изненади

Со ретка фотографија со татко му ги разнежни обожавателите: Џастин Бибер знае да изненади

Објавена во: Совети // Семејство

Канадскиот пејач Џастин Бибер не зборува често за својот татко, а неговата мајка е доминантна фигура во неговиот живот. Поради тоа сите беа изненадени кога на неговиот Инстаграм профил се појави роденденска честитка за неговиот татко Џереми.

„Среќен роденден, тато. Многу те сакам.“ - напиша во описот на фотографијата, честитајќи му го 46 - от роденден.

Мајка му и татко му на Џастин никогаш не биле во брак, а врската ја прекинале некоклу месеци откако е роден пејачот. Тогаш Џереми започнал врска со Ерин Вагнер, со која ги добил сега 13 - годишната Џасмин и 12 - годишниот Џексон.

И таа врска му пропадна: третата среќа ја најде покрај Челзи Бибер, со која се венчаше во 2018 година, а со која една година подоцна ја доби ќерката Беј.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: