Со скромни желби и целодневна прослава: Ања Ветерова открива како го прославува роденденот
Веќе неколку дена младата пејачка Ања Ветерова го најавува својот роденден, а сега и конечно дојде тој ден.
Редакцијата на Хаштаг ја искористи оваа прилика да и го честита роденденот и да и посака најубави желби за него.
Таа не ја криеше возбудата и ни откри што би си посакала за овој роденден.
„Како и секоја година најважни ми се здравјето и среќата, а потоа доаѓаат успехот и љубовта“ - беше скромна Ања
Покрај основните желби на музичко поле си посака:
„Оваа година исто така посакувам да бидам поуспешна на музичко поле и успешно да го реализирам концертот во Беркле, кој веќе е во план“, додава Ања.
Неминовно беше и прашањето за тоа како ќе го прослави овој важен ден за нејзе, за кој што изјави дека забавата ќе продолжи до раните утрински часови.
„Роденденот оваа година го прославувам на Халкидики со моите најблиски. Забавата почна во утринските часови, а ќе заврши во некоја таверна или диско“, вели Ања Ветерова за Хаштаг.