Со солзи, бремена и со бебето во прегратка: Приказната зад најтажната фотографија на Бритни Спирс
Поп принцезата Бритни Спирс се повлече од социјалните мрежи и ги избриша своите профили со цел да ја прослави во мир свршувачката со вереникот, како што самата објасни.
А, дали знаете дека една од најчесто објавуваните фотографии од периодот кога поп принцезата минуваше низ многу тежок период, е онаа каде Бритни седи во ресторан и плаче.
Од моментот кога стана позната личност, Бритни Спирс секогаш имаше папараци во нејзина близина - згора на тоа, многу, мноогу папараци. Тие влијаеле и управувале со нејзиниот живот дури и повеќе отколку што самата можела да замисли во тие денови, а сето тоа кулминира една вечер во 2007 година, кога пејачката ја избричи главата и нападна фотограф со чадор.
Со години ѝ го правеа животот мизерен и ја фотографираа во бројни животни ситуации, а нејзините солзи во Њујорк во 2006-та година сè уште се паметат.
Во тие денови Бритни Спирс престојуваше во хотелот „Риц Карлтон“ и секој ден ја придружуваа дури триста папараци. Пејачката во тоа време беше бремена и се грижеше за нејзиниот осуммесечен син Шон Престон и не ѝ беше до слава и фотографирање, а насловите што ја следеа секоја приказна за неа беа многу непријатни и пресудни. Медиумите анализираа како Спирс го држи своето дете, како оди додека го носи, дали и како го врзала во автомобилот, дали е добра мајка...
Затоа не е изненадувачки што беше овековечен моментот кога пејачката се сопна додека носеше дете во едната рака и чаша во другата рака. Телохранителот ѝ помогнал момчето да не падне, а папараците овој момент го дочекаа лесно. После тоа, Бритни отишла во продавница за играчки, а потоа во блискиот ресторан, каде што седнала, нарачала пијалок со насмевка и - се расплакала.
Папараците го сликаа и овој момент.
После тоа, пејачката отишла во ве-це и ја поправила шминката, а потоа го напуштила ресторанот.
Во следните години се појави гласина дека сопственикот на ресторанот ѝ рекол да влезе во објектот за да се скрие од папараците, а потоа дозволил папараците да ја фотографираат, но тоа никогаш не било потврдено.
извор:GLOSSY