Со свечен коктел Ananas го одбележа лансирањето во Македонија
Со свечен коктел настан во Скопје, Ananas официјално го одбележа почетокот на работа во Македонија.
Отворањето на Аnanas во Македонија претставува најголемиот онлајн проект кој е поддржан од Делта Холдинг, со цел да се обезбеди супериорно онлајн шопинг искуство за корисниците од целиот регион. Како што беше најавено, Аnanas.rs, лидерот во областа на е-трговија на српскиот пазар, ја започна својата регионална експанзија, а првиот чекор кон таа цел е лансирањето на Аnanas.mk. На настанот присуствуваа Мирослав Мишковиќ, претседател на Делта Холдинг, и потпретседателите на групацијата, како и локалните соработници и партнери на Аnanas.mk.
Свеченоста ја отвори Нина Ангеловска, директор за меѓународен развој во Аnanas. По тој повод, таа истакна дека Ananas.mk ќе продолжи да поставува стандарди во областа на е-трговијата и да им овозможува најдобро искуство на купувачите и партнерите, а истовремено изрази благодарност до сите партнери кои се приклучија од самиот почеток на работењето на македонскиот пазар и кои го увидоа потенцијалот на Ananas за раст на бизнисот и продажбите.
„Ако некој може да го смени онлјан купувањето, односно да го донесе до ниво како што го знаеме само во развиените земји цврсто верувам дека тоа е Ананас. Верувам дека ќе направиме револуција во е-трговијата во регионот, а посебно задоволство ми е што токму првата земја од планот за експанзија е Македонија. Верба секако не е доволна ако не е проследена со јасна визија и планови и поддржана со ресурси и луѓе - а тоа го имаме.“ – истакна Ангеловска.
На присутните им се обрати и Денис Ампов, Country Manager на Ananas.mk, кој истакна дека напорната работа и посветеност на тимотовозможија успешно лансирање на платформата. Ампов изрази уверување дека Ananas.mk ќе стане клучен играч во областа на онлајн трговијата и ќе придонесе за раст и развој на дигиталната економија, вработувањето и економијата во земјата.
„Постоиме само три месеции веќе имаме 100.000 производи на платформата иповеќе од 160 партнери веќе продаваат преку Ananas.mk. Посетите од ден на ден се зголемуваат, а‘Kлик!Бум! Трас!’ –веќе сите го знаат. Сè околу нас е Ananas, или ќе биде - тоа е нашата визија!Убеден сум дека со поддршката од колегите од Србија и нивното досегашно искуство и научени лекции кои ќе ги примениме тука, ќе успееме да имаме и побрз прогрес и раст на македонскиот пазар.“ – истакна Ампов.
Лансирањето на Ananas.mk претставува почеток на нова ера во е-трговијата воМакедонија и ја потврдува посветеноста на компанијата за создавање успешни деловни можности за партнерите и корисниците. Аnanas ќе продолжи да го шири своето присуство и да придонесува за растот на локалната економија, нудејќи производи и услуги со висок квалитет преку својата платформа.
ПР објава