Со тато замок од песок, со мама иста комбинација: Сара Мејс и Димитар на одмор со Илина (ФОТО)
Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, заедно со нивната ќеркичка Илина заминаа на одмор. Тие веќе неколку дена уживаа во убавините на Аланија, Турција, и тоа непосредно пред да дојде на свет новиот член во семејството.
Од таму, постојано споделуваат фотографии и видеа на своите профили на социјалните мрежи, а дека малата Илина си поминува најубаво докажуваат и заедничките активности кои ги имаат.
Имено, таа заедно со нејзиниот татко правеше замок од песок, а нивното ремек дело на Инстаграм го сподели гордата мајка Сара.
„Димитар и Илина инженеринг“ - напиша на фотографијата, на која покрај замокот позира Илина.
На едно од своите сториња и Димитар откри интересен момент од одморот, поточно ги откри интересните модни комбинации на мајката и ќерката. Илина и Сара фатени за рака, се шетаат во исти фустани, кои на грбот имаат отвор во форма на „dreamcatcher“.
фото: Принтскрин / Инстаграм