Со желби за подобро утре, за нов почеток: Пејачката Симона Поповска со музичка порака за Нова година

Со желби за подобро утре, за нов почеток: Пејачката Симона Поповска со музичка порака за Нова година

Објавена во: Stars // Музика

Таа е една од најдобрите женски вокали кај нас, повторно актуелна со нови синглови. После песната на англиски јазик “Feel so good”, Симона ни спреми уште едно музичко изненадување по повод Нова Година и претстојните новогодишни празници. Се работи за специјална новогодишна песна насловена -“За Нова Година“.

Песната е на продуцентот и Дј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Пратечките вокали ги отпеа Рената Кралевска, а гостин на саксофон Љупчо Џедомирски.

Драги мои од срце ви го подаруваме ова парче, сите заедно да ги сплотиме нашите желби, за подобро утре, година без пандемија,нека биде нов почеток „ЗА НОВА ГОДИНА“ - порачува Симона..

Во прилог линк од песната, па уживајте во овој празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината.



Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: