Соборени се три рекорди на Инстаграм: Анџелина Џоли е официјална рекордерка на популарната социјална мрежа

Соборени се три рекорди на Инстаграм: Анџелина Џоли е официјална рекордерка на популарната социјална мрежа

Објавена во: Stars // Филм

Познатата актерка си направи Инстаграм профил и веднаш стана сопственичка на официјалните рекорди на Гинис.

Сите имаат Инстаграм профил! Добро, не баш сите... Бидејќи кога си направи профил Анџелина Џоли светот очигледно изгуби контрола и почна неконтролирано да кликнува на опцијата „заследи“ на нејзиниот профил.

Така, Анџелина Џоли стана сопственичка на најмалку два Гинисови рекорди кога е во прашање брзината на добивање, т.е. раст на следбениците на Инстаграм профилот, додека за третиот сѐ уште се пребројуваат стотинките, но светските медиуми сметаат дека падна и третиот рекорд.

Официјалниот профил на Анџелина Џоли е профил кој најбрзо собра милион следбеници, а потоа и два милиони - за 2.1 милиони следбеници и беа потребни само три часа. Исто така, ова е неверојатно и профилот кој најбрзо собрал пет милиони следбеници, но тоа сѐ уште треба официјално да биде потврдено.

Моментално, Анџелина Џоли има повеќе од 8 милиони следбеници, по само 4 дена од отварањето на профилот на 20 август - има две објави и прикажано едно стори.

Според она што може да се види на нејзиниот Инстаграм профил, актерката својот профил го користи за хуманитарни цели, а моментално се труди да ја открие вистината за положбата на жената по големите промени во Авганистан.

Актерката не ги искоментира овие успеси на Инстаграм профилот, но магазинот „Time“ посочи дека е големо достигнување тоа што овие овие две објави на Џоли се лајкнати и видени од најмалку 5 милиони луѓе.


фото: YOUTUBE

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: