Социјалните мрежи горат: Поради што Тамара Тодевска ќе го „скрши“ Стефан Лазаров?
Дека одлично плови во јутјуберските води говорат и бројките кои ги има на видеата што ги објавува на Јутјуб. Стефан Лазаров секојдневно се труди да ја освои публиката, а особено сега откако се воведоа новите рестриктивни мерки побрзани со полицискиот час.
Во неговото последно видео „Промена низ годините“, јутјуберот се одлучи да искоментира тројца наши познати изведувачи - Тоше Проески, Тони Зен и Тамара Тодевска. Тоше и Тони не поминаа лошо, но затоа Лазаров удри по Тамара и нејзината сестра, пејачката Тијана Дапчевиќ.
За тоа не му остана должна ниту пејачката, па така преку Инстаграм му порача:
„Стефан ќе те скршам шо го извади видеово. Иначе, Тијана (пијаниот шофер на камион хахахаха) има 39.5 температура затоа е таква, а ја на овој фестивал излегов со штаки на сцена зошто месец дена пред тоа ја искршив ногата и имав лош прелом и затоа сум КИКПЛОП. Од лежење у кревет и ПУБЕРТЕТ секако“.
На ова следуваше и одговор од јутјуберот кој на Тамара ѝ порача:
„Не е оправдување за фризурата“.
Секако ова не треба да го сфатите премногу сериозно, бидејќи и Тамара и Стефан се шегуваа, а тоа е очигледно по емотиконите кои ги искористија.