Софија е диво дете, за Илија не се знае ништо, а Ана опасно го нервира татко си: Кои се децата на Роман Абрамович и што прават?

Софија е диво дете, за Илија не се знае ништо, а Ана опасно го нервира татко си: Кои се децата на Роман Абрамович и што прават?

Објавена во: Совети // Семејство

Роман Абрамович има 7 деца, а каде и што прават неговите ќерки и синови, дознајте во продолжение

Роман Абрамович е руско-израелски милијардер, бизнисмен, инвеститор и политичар. Меѓу другото, тој е мнозински сопственик на компанијата „Millhouse LLC“ која се занимава со инвестиции, а до неодамна беше сопственик и на англискиот фудбалски клуб „Челзи“.

Споменатиот клуб Абрамович го продаде минатата година, а нето приходите од продажбата на клубот ги префрли на организацијата за жртвите од војната во Украина.

Според магазинот „Форбс“, неговото богатство паднало на 9,4 милијарди долари во 2023-та година, пред само три години било проценето на 11,5 милијарди. Целата приказна околу проценката на богатството го фрли во преден план животот на рускиот милијардер, кој има седум деца.

АНА


Најстарата ќерка на Роман Абрамович е 30-годишната Ана, која студираше филозофија на Универзитетот Колумбија. Абрамовиќ ја доби од бракот со Ирина од која се разведе во 2007-ма година. Во брак беа 11 години, а Ирина му беше втора сопруга. Пред неа тој беше во брак со Олга Лисова три години.

Ана се најде на насловните страници по нејзината венчавка на само 18 години. Таа тогаш беше сè уште средношколка, а како што пишуваат странските медиуми, нејзиниот татко бил многу лут поради нејзината свршувачка со нејзиното тогашно момче Николај Лазарев. Младиот пар никогаш не стигна до олтарот затоа што раскинаа. Прославата на нејзиниот 18-ти роденден ја платија стотици илјади евра, а Ана моментално живее во Њујорк.

АРКАДИЈ


Две години помладиот Аркадиј е, како и неговиот татко, фудбалски љубител, па често можеше да се види на Стемфорд Бриџ. Аркадиј е најсигурниот кандидат да ја продолжи работата на својот татко. Аркадиј исто така работи на создавање на својата империја.

Тој е основач и сопственик на компанијата „АРА Капитал“, која меѓу другото поседува акции во „Гаспром нефт“. На 19 години веќе вложил 30 милиони фунти во нафтена компанија, а наводно бил заинтересиран да ја купи ЦСКА Москва.

СОФИЈА


Софија е една година помлада од Аркадиј и е позната како дивото дете во семејството. Таа е многу активна на социјалните мрежи, каде објавува фотографии од одмори на приватни јахти. Дипломирала менаџмент и маркетинг на Универзитетот Ројал Холивеј, а наместо да студира, повеќе се интересирала за луди забави и јавање коњи.

Кога станува збор за нејзиниот 18-ти роденден, ангажиран е поп-бендот „Мекбастед“, а меѓу нејзините блиски пријатели се и децата на Дејвид и Викторија Бекам. Откако започна руската инвазија на Украина, Софија јавно се спротивстави на тоа.

„Најголемата и најуспешната лага на Кремљ е дека мнозинството Руси го поддржуваат Путин“, рече таа.

АРИНА


Дваесет годишната Арина е љубител и на јавањето, а во тоа беше доста успешна со својот коњ Прингл. Нејзиниот татко наводно дал повеќе од 60.000 евра за коњот за неговата миленичка да биде успешна на натпреварот што се одржа во 2013-та година. Арина наводно сака да се пресели во Австралија и да студира зоологија.

ИЛИЈА

Илија неодамна стана полнолетен и е најмалку познат на јавноста.

АРОН и ЛИ ЛУ


Последните две деца на Абрамович се родени во Њујорк. Бракот со Ирина заврши поради убавата ќерка на рускиот богаташ Даша Жукова. Арон (11) и Ли Лоу (7) живеат со нивната мајка Даша во Њујорк, откако таа се разведе од Роман во 2017 година. Тие одат во приватни училишта, а по разводот Абрамович редовно патува во Америка за да биде со своите деца.

Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: