Софија Милошевиќ и Лука Јовиќ на синот му дадоа старо митско име: Зад тоа се крие интересен факт
Честитките до новопечените родители не престануваат да пристигнуваат...
Софија Милошевиќ и Лука Јовиќ во вторникот, 8 септември, станаа родители на здраво момче. Убавата манекенка се породи во Мадрид, а честитките до новопечените родители не престануваат да стигнат.
Штом се роди момчето, тие двајца објавија фотографија од породилно одделение, што воедно е и првата фотографија на бебето.
Парот му даде и име на својот наследник, а се одлучија за старото митско име - Алексеј, дознава Блицспорт.
Името Алексеј во првобитниот облик го користеле Старите Грци, а најпрво означувало „бранител“, а подоцна и „оној кој помага“.