Сон Џоку е создаден по примерот на Џеки Чен: Работи кои не сте ги знаеле за „Змејска топка“
Мангата „Змејска топка“ ја создал уметникот Акира Торијама во 1984 година и не било потребно многу време за да стане светски позната, пред сѐ поради своите анимирани серијали, пишува Strip Blog.
Сон Џоку е познат и по името Зеро, Какарот, Какарото и Сон Џоку. Тој е Сајонец (а Какарот му е сајонско име), испратен на планетата Земја за да ја уништи, но при слетувањето, подобро речено падот, ја удрил главата и така го изгубил помнењето. Своето детство го поминал со Ѓохан, својот дедо, како што го нарекувал, но всушност тој е човекот кој го пронашол и посвоил.
Во продолжение ви претставуваме неколку факти за серијалот „Змејска топка“, кои можеби не сте ги знаеле:
# По примерот на видео - игрите
Заплетот на мангата „Змејска топка“, според авторот е создаден врз основа на репутацијата на видео игрите од тоа време, во кои протагонистите обично собирале одредени предмети. Кога Торијама решил дека ќе се собираат змејски топчиња, тој исто така одлучил дека серијата ќе трае додека главниот лик не ги собере сите, што според неговите пресметки би му била потребна околу една година, но серијалот сепак ја надминал таа прогноза.
# Борбите се водат надвор од населено место
Поголемиот број на борби, особено во првиот серијал, се одвивале надвор од населените места, што на Торијама и неговиот помошник им овозможило многу полесно работење, бидејќи не морале да цртаат згради, срушени објекти, улици и останати препознатливи човекови градби.
# Џоку нагло пораснал поради сцена од борба
За да му биде на Торијама полесно да ги црта сцените од борбите, Џоку морал физички да порасне, што наишло на неодобрување од неговиот помошник Торишиме, бидејќи јунаците во мангите не се трансформираат толку брзо.
# Џоку е по примерот на Џеки Џен
Торијама нагласил дека сцените од борбите се цртани по примерот на филмовите на Џеки Џен.
# Трета најпродавана манга во светот
„Змејска топка“ и „Змејска топка З“ како серијали се продадени во 156 милиони примероци во Јапонија, а во 240 милиони примероци во светот, па така „Змејска топка“ стана трета најпродавана манга на светот.