Сон или реалност: На Интернет се појави фотка од бела Нутела и сега сите сакаат да ја пробаат
Дали и до тебе веќе дојде оваа објава од бела Нутела? Доколку ја виде, еве за што точно станува збор!
Оние кои се во тимот на Нутела ќе бидат воодушевени кога ќе видат дека некој измислил и направил бела Нутела.
На Инстаграм како молња се рашири фотографија од бела Нутела, а доколку дојде до тебе, сигурно се имаш израдувано и веќе размислуваш како да дојдеш до неа. И не си единствена личност, која го помислила ова. Кој не би сакал да проба бела Нутела? Знаеме дека оригиналот е превкусен, но каква би била оваа верзија... Фотографијата ја објави австрискиот блогер Брус Супер Конвиниенс.
Имаме добра и лоша вест. Лошата вест е дека за жал ваква нутела не постои и дека фотографијата е фотошопирана, што веројатно и ти го воочи тоа. Постои и добра вест, а тоа е дека, иако фотографијата е фотошопирана, во теглите Нутела навистина има бела верзија од намазот. Ова не е официјален Нутела производ кој може да се најде на полиците на продавниците, бидејќи оваа верзија е направена дома. Тегличката беше испратена до блогерот од „The Snack Сontroller“, кои го имаат креирано овој бел намаз, а блогерот на својот Инстагрма сподели рецензија. Накратко: тој е воодушевен. Во живо наводно изгледа уште подобро отколку на фотографијата, а мирисот бил прекрасен. А вкусот? Уште поубав.
Иако засега овој производ уште не постои, на Интернет може да се пронајдат рецепти, подобри и полоши, за тоа како да си направите вакво нешто дома. Треба само да го погодите вистинскиот и да уживате дома во некој сличен вкус.