Сон на секој студент по медицина: Професор перфектно црта скелет - мини уметнички дела на табла
Кошмар на секој студент по медицина во прва година е анатомија. Секоја коска, секој зглоб и титива на целото човечко тело. Редовната пракса е студентите постојано да цртаат на себе. Во учебнивите има и слики, фигури и скелети за потребите во наставата, но понекогаш и тоа не е доволно, па условниот испит за следната година не го положуваат.
Професорот по анатамија Чуанг-Бин Чунг користи поинаков метод. Тој до детаљ ја црта секоја коска, користејќу го методот на „старите училишта“ - креда и црна, тврда табла. Нема проектор или пишување со маркер на табла. Прво со шарени креди исцртува паралелни линии по таблата, кои му служат како ориентација. Потоа по нив со бела креда почнува да го формира костурот.
Студентите внимателно ги следат чекорите на професорот, вниманието е на многу повисоко ниво отколку за време на класичните предавања:
„Доколку гледате во цртежите од книгите, тие изгледаат како најобични слики и не ви го даваат вистинското разбирање за тоа како изгледа човечкото тело. Но, кога цртам сама потполно ја разбирам структурата на човечкото тело“ - искоментира студентката Џињи Пенг.
Што вели самиот професор Чунг за резултатите од својата метода, погледнете во видеото во продолжение: