Сопругот на Јелена Карлеуша одлучи: Што се крие зад овој потег на Душко Тошиќ?

Сопругот на Јелена Карлеуша одлучи: Што се крие зад овој потег на Душко Тошиќ?

Објавена во: Живот // Живот

Се чека фудбалскиот ас да ја потврди информацијата...

Ретки се ситуациите еден успешен фудбалер, а воедно и сопруг на најинтригантната дама од јавната сцена, да биде толку недостапен за јавноста, како што е Душко Тошиќ.

Фудбалскиот ас ретко дава изјави за медиумите, па многу работи во врска со неговиот живот само се шпекулираат. Понекогаш информациите кои ќе дојдат до медиумите се преку луѓе од неговото блиско окружување или приказните се конструирани врз основа на некои од неговите гестови. Официјални потврди или дематирања скоро никогаш нема.

Сега се појави информација дека сопругот на Јелена Карлеуша на списокот на своите недвижнини додаде уште една - луксузен стан кој се наоѓа во новоизградена зграда на Врачар.

Според изјавата на изворот близок до фудбалерот, тој веќе подолго време барал недвижнина која ќе биде во близина на центарот на градот, па оваа лукација му делувала како идеално место, пишува „Курир Старс“.

Објектот се наоѓа во еднонасочна улица, а станок кој му се допаднал на Душко е двособен и има поглед кон храмот Свети Сава.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: