Сопственичка сними што прави нејзиното куче додека таа не е дома: Видеото растажи многумина
Една сопственичка на куче поставила камера за да ја сними реакцијата на нејзиното куче кога таа ќе излезе од дома, а видеото ги растажи кориснциите на ТикТок.
ТикТокерката @sundaetheblacklab е сопственичка на црн лабрадор по име Санди. Му направила профил на своето милениче на ТикТок, кој брзо станал популарен и кој има повеќе од 600.000 следбеници и многу видеа кои ја покажуваат разиграната страна на кучето. Но, сопственичката неодамна сподели видео кое прикажува што прави Санди, кога таа ќе излезе од дома.
Видеото започнува во снимка од кучето додека лежи на креветот на својата сопственичка. Санди изгледа опуштено и склопчен е на прекривката.
„Поставив камери да видам што прави Санди кога ќе излезам од дома“ - стои во описот на видеото.
Кучето неколку моменти мирно лежи на креветот, а потоа станува и влегува во дневната соба.
„Мислев дека едноставно ќе остане на мојот кревет“ - напиша сопственичката во видеото.
Санди полека оди до влезната врата, гледајќи околу себе за целото време. Кога ќе дојде до влезната врата, легнува на подот. Натписот во видеото гласи: „Но, наместо тоа, лежи покрај вратата додека да се вратам дома“.
I’m never leaving her alone again
Корисниците на ТикТок ги допре реакцијата на верното куче, кое чека неговата сопственчка да се врати дома.
„Госпоѓо, бараме повеќе никогаш да не го оставате Санди сам“, „Ох, кога ќе заминеш, мора да ѝ кажеш кога ќе се вратиш за да знае“, „Јас никогаш повеќе не би заминал“ - се само некои од коментарите на корисниците на видеото.
Исто така во коментар се огласи и сопственичката на Санди, која објасни дека таа работи од дома и дека таа и нејзиното куче поминуваат многу квалитетно време заедно.