Сопственичката не му давала на кучето да се капе во базенот: Неговата реакција ќе ви го разубави денот
Домашните миленичиња знаат да не расположат и да ни го разубават денот. Особено кога се вака неодоливи и нетрпеливи.
Кучето Оукли ги насмеа корисниците на ТикТок откако неговата сопственичка објави видео во кое тоа стои пред детскиот базен, држејќи крпа во забите.
„Оукли го обожава новиот базен. Ја зграби крпа во 6:30 часот за да се капе“ - напиша сопственичката на кучето во описот на објавеното видео, на кое изреагираа повеќе од два милиони луѓе.
@bandanaboys3.0 Puppy loves pool! #fyp #silverlab #dogsoftiktok #cute #followme #silverlabradorpuppy #pool #summer #summertime #puppy #viral #fun #silverlab
original sound - Charlie & Oaklie
Таа го снимила своето куче како чека покрај базенот, додека го повикува дома и му вели дека не може да плива толку рано. Кучето прво ја игнорира и гледа во базенот, а потоа и се враќа во куќата.