Сопствениците тврдат: Кучињата ги претчувствуваат овие две работи

Сопствениците тврдат: Кучињата ги претчувствуваат овие две работи

Објавена во: Совети // Семејство

Често се зборува и пишува за способноста на кучињата да почувствуваат тешки болести кај луѓето и да претчувствуваат разни напади, како епилептичен или пад на шеќерот кај дијабетичарите. Меѓутоа, многу сопственици се убедени дека кучињата можат да претчувствуваат и други работи.

# Претчувствуваат земјотрес

Интернет анкетата спроведена во Америка покажа дека две третини од сопствениците на домашни миленичиња тврдат дека нивното куче може да предвиди лошо време. Според некои истражувања, сопствениците изјавиле дека нивните кучиња реагираат 15 минути пред земјотрес и 45 минути пред грмотевици.

# Претчувствуваат неволја

Во една анкета дури 76% од сопствениците на кучиња потврдиле дека нивните миленици се однесуваат чудно пред големо невреме, а 50% изјавиле дека претчувствуваат неволја и лоша ситуација. Во таквите ситуации кучињата најчесто неконтролирано цимолат, се обидуваат да се сокријат или пронајдат некое сигурно место, не сакаат да се одвојат од сопственикот или се обидуваат да го поместат од местото на кое се наоѓа, пренесува „Index“.

И додека голем број научници одбиваат да ги прифатат овие тези, постојат дел од нив кои тврдат дека животните имаат шесто сетило, кое луѓето со текот на времето го изгубиле.

фото: pexels.com/joshsorenson

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: