Сопственик се преправа дека кучето го каснало: Реакцијата на миленикот е урнебесна (ВИДЕО)

Сопственик се преправа дека кучето го каснало: Реакцијата на миленикот е урнебесна (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Кучињата се животни кои знаат своите емоции да ги покажат на многу различни начини. Тие се во состојба да не насмеат, утешат, разнежнат.

Една хаска со својата реакција насмеа илјадници луѓе на ТикТок. Имено, неговиот сопственик одлучил да ја сними реакцијата на кучето откако ќе се прерава дека кучето силно го каснало.

Во видеото сопственикот со раката го закача кучето, а по неколку секунди кучето среде игра ја фаќа раката на сопственикот во уста. Иако ова не болело, сопственикот се преправал дека неговиот миленик го каснал пресилно.

Загриженото куче во шок застанало и го погледнало сопственикот, како да сака да се увери дека со него е сѐ е во ред. Потоа му ја излижало раката во знак на извинување.

„Се гледа дека не му е сеедно“ - пишува во описот на видеото, а многу корисници на ТикТок се согласија со оваа констатација.

@thehuskymoon_ he felt so bad  #dogchallenge #fyp #dogreaction Jenny (I Wanna Ruin Our Friendship) - Studio Killers


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: