Соработникот на Маркус и Мартинус во затвор поради убиство: Многу ни е жал

Соработникот на Маркус и Мартинус во затвор поради убиство: Многу ни е жал

Објавена во: Stars // Музика

Обожавателите на Маркус и Мартинус обично се среќни, кога нивните идоли ќе добијат малку простор во медиумите, но тоа не е случај овој пат. За жал, нивните имиња се споменуваат поради момчето кое е нивен поранешен соработник. Имено, раперот Силенто, кој ни е познат по својот сакан хит „Like It Like It“, заврши во затвор за убиство!

Силент, поточно Рики Хок е обвинет за убиство на неговиот 34-годишен братучед, Фредерик Рукс. Иако тој не е официјално осуден, сега се чини дека има малку шанси да излезе и да докаже дека не сторил ништо лошо.

Според полицијата на округот Декалб во американската држава Џорџија, Силенто бил уапсен во понеделникот, десет дена откако несреќниот Фредерик бил пронајден облеан во крв и умирал. Тој бил погоден во главата и ногата и немало шанса лекарите да го спасат.


За ова убиството нашироко се пишува во најголемите светски медиуми, како што е Би-Би-Си, иако тамошните медиуми, за разлика од норвешките, воопшто не ја споменуваат неговата поврзаност со Маркус и Мартинус.

Всушност, тој е многу попознат ширум светот по неговиот единствен хит „Watch Me (Whip / Nae Nae)“, кој го објави во 2015 година. Сепак, од тогаш тој многу ретко објавуваше песни и целосно падна во заборав.

Интересно, момците проговорија за ова ужасно злосторство, иако е јасно дека тие немаат никаква врска со целата приказна. „Многу е тажно да се слушне дека Силенто е дел од ваков сериозен инцидент“ - велат момците во изјавата. „Ние дури и немавме контакт со него од кога соработувавме во 2017 година.“ Единствено момците го виделе во декември истата година, затоа што со него снимале видео за „Like It Like It“ во Лос Анџелес.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: