Соседите ја открија вистината за Бресквица: Пејачката се пресели, а еве како се однесува кога ќе се изгасат камерите

Соседите ја открија вистината за Бресквица: Пејачката се пресели, а еве како се однесува кога ќе се изгасат камерите

Објавена во: Совети // Семејство

Бресквица по потекло е од Борча, а нејзините соседи откриваат каква е пејачката далеку од светлата на рефлекторите...

Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, за кратко време стана една од најпопуларните пејачки на балканската сцена.

Иако најпрво се истакна по дуетите со Војаж, по повеќе од драматичната разделба, како и скриените „препирки“ на социјалнтие мрежи, неодамна конечно објави нова песна - „Сречан пут“, во која уште еднаш го прозва своето поранешно момче и благодарение на која дојде до самиот врв на трендинг, како во Србија, така и во целиот регион.

Благодарение на огромната популарност, не е изненадувачки фактот што нејзините обожаватели сакаат да дознаат сè за неа, а неодамна дури и ја уловија со новото момче, додека чекале ред во ресторан за брза храна.

Анџела, која по потекло е од Борча, повеќе не живее во семејниот дом, туку во центарот на српската престолнина, а сè уште не е познато дали таму живее со новото момче или сама.

Сепак, нејзините некогашни соседи отворено проговорија за „Курир“ за тоа каква е Бресквица далеку од светлата на рефлекторите.

Персоналот кој работи на бензиската пумпа, откри дека Бресквица често точи гориво кај нив, дека секогаш е насмеана и културна.

Игњатовиќ често ги посетува своите родители, но поради работата со која се занимава, објаснија дека одлучила да се пресели.

Другарката од градинка на Анџела раскажа каква била таа како девојче.

„Анџела и јас одевме заедно во градинка, живее блиску до мене. Секогаш беше повлечена девојка. Откако поминавме во повисоките одделенија се гледавме поретко, па немавме многу можност да зборуваме. Знам дека не живее во куќата на своите родители, неодамна се отсели.“

Момчето од околната продавница исткна дека Бресквица не живее со родителите и дека од тогаш поретко ја гледа и дека повеќе време поминува во градот.

Во нејзината семејна куќа во Борча, своевремено доаѓал и Војаж. Некогашната двојка особено во овој крај има многу обожаватели, па Бресквица и Војаж во продавницата често знаеле да се фотографиират со сите нив.

Сега им е криво што врската „пукнала“, но сепак го поддржуваат новиот избор на пејачката.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: