Сосема искрено: Деми Ловато за демоните со кои се бореше

Сосема искрено: Деми Ловато за демоните со кои се бореше

Објавена во: Stars // Музика

Песната е одраз на личните борби што пејачките ги водеше...

Деми Ловато секогаш беше отворена и искрена околу проблемите со кои се соочуваше. Низ годините се бореше со пореметувањето во исхраната, уште откако била девојче, а тоа е само една од темите кои ги отпеа во својата нова песна „I Love Me“, за магазинот Seventeen раскажа пејачката.

„Пореметувањето во исхраната ќе ме следи до крајот на животот. Во еден момент бев уморна од вежбање до точка на исцрпеност и константни диети. Тогаш кога помислив дека ми е подобро, всушност доживеав пропаст“ - се присети Деми.


Пејачката додека дека дел од одговорноста за ваквата нејзина состојба лежи во тимот со кој некогаш соработувала. Ги обвини дека ја контролирале - од сите нејзини хотелски соби ги тргале телефоните за да не може да контактира со хотелскиот персонал и не и дозволувале да јаде овошје, бидејќи содржи шеќер...

Беше тажна, бидејќи со години немала роденденска торта. Но, на крајот добила роденденска торта и тоа за својот 27 - ми роденден, кој го прослави со семејството и пријателите.

За да може конечно да започне да работи на своето физичко и психичко здравје, прво се отргнала од тимот кој ја злоупотребувал и скратувал храна, а потоа започнала да тренира бразилски jiu-jitsu и бокс. Вели, дека тоа ја спасило.


Во разговорот со д-р Фил, откри дека со години исто така се борела со депресијата и биполарното пореметување.

„Мојата мајка многу се грижеше за мене, бидејќи не знаеше дали откако ќе ја отвори врата од мојата соба ќе ме најде жива или мртва“ - рече Деми. Во меѓувреме Деми некако успеа да се избори со своите демони и сега како што кажува се чувствува подобро. А, за тоа пее и во својата нова песна. Повеќе не и пречат коментарите на социјалните мрежи, бидејќи успеала да справува со мислењата на другите. 

Во гостувањето кај Елен Деџенерис вели дека е среќна и слободна.

„Добро ми е со самата себе, не ми треба партнер, не ми треба никој и навистина сум океј“ - заклучи Деми.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: