Соучениците ѝ го скршиле срцето за Денот на вљубените, а потоа постар ученик им одржа лекција за паметење
Ајслин Бауермастер била многу возбудена поради прославата по повод Денот на вљубените што се одржувала во училиштето. 15-годишната девојка останала будна цела ноќ и печела вкусни колачиња во форма на срце за своите соученици. Но, ниту Ајслин ниту нејзината мајка Кристин не можеле да предвидат во какво разочарување ќе се претвори тој ден наменет за љубов и пријателство.
Кога утредента Ајслин стигнала во училиштето, останала со скршено срце, бидејќи сфатила дека никој до одделението не ѝ подарил никаква честитка, ниту подарок за Денот на вљубените.
Во текот на денот, ги гледала сите останати како разменуваат чоколади, пораки и слични подароци. Денот станал уште полош кога почнале да ја малтретираат поради нејзината килажа.
Го напуштила училиштето во солзи и отрчала во кујната по утеха која ѝ била и повеќе од потребна. И покрај трудот на Кристина, Ајслин се заклучила во собата и одбила да излезе. Била потполно скршено.
Кристин ја повикала својата најдобра пријателка Аби за да ѝ даде мајчински совет. „Како да ја развеселам?“ - низ солзи ја прашала. Аби ја прекинала врската и му кажала на својот син што ѝ се случило на Ајслин.
Во емотивното видео во продолжение, синот на Аби, Исаија, ги посетил пријателите на Ајслин во средното училиште и ги прекинал за време на ручекот.
Во кантината чекал да се појави Ајслин и пред сите да ѝ покаже колку е навистина посебна.