Совршен трик: Еве зошто е добра идеја да ставите влажно марамче во машината за перење?
Секоја домаќинка има свои трикови и тајни за одржување на редот дома, но дополнителни совети никогаш не се на одмет.
Дали се борите да ги исчистите влакната што се лепат на облеката и поминувате многувреме да ги отстраните по секое перење иако сте ги испрале алиштата?
За среќа, постои решение за овој проблем, а трикот е во обичните влажни марамчиња. Како функционира трикот со марамче? Земете неколку влажни марамчиња и ставете ги во машината заедно со алиштата. За време на перењето, марамчето ќе се сврти на различни страни и ќе ги собере сите мали влакна од коса, крзно или волна. На тој начин, облеката ќе излезе чиста, а марамчето ќе ги собере сите несакани влакна што остануваат на облеката.
Како да изберете марамчиња?
Разгледајте неколку правила за најдобар ефект:
-Марамчето треба да биде поцврсто за да не се искине.
-Не избирајте марамчиња со силна арома.
-Не користете исти марамчиња двапати.
-Антибактериските марамчиња се особено добри.
-Не користете повеќе од 2-3 марамчиња.
Други трикови за ефикасно перење:
-Ставете 2 таблети за миење садови во машината за перење и оставете ја да работи празна на 60°C за периодично да ја чистите од бактерии и нечистотија.
-За да ја вратите белината на облеката, додадете неколку таблети аспирин.
-Ставете неколку коцки мраз во машината за да ги исправите стутканите парчиња облека.
-Ставете топче направено од алуминиумска фолија за да избегнете електрифицирање на облеката.
Фото: unsplash