Спасете си го животот: Што да направите доколку ве фати грч додека пливате?
„Доколку пливачот го фати грч во вода никако не треба да подлегне на стравот: мора да биде сосредочен, да земе воздух и да легне на грб, да почека да помине момент доколку е во прашање грч и да повика помош - дали стручна или некој кој ќе пријде и ќе му помогне на начинот на кој трева“ - вели иструкторката во Здружението на спасувачи, Кристина Миладиновиќ.
„Кога зборуваме за личности кои не се стручно обучени за давање помош - не е дозволен директен контакт со оној кој се дави. Во такви ситуации постои можност да се удават и двете лица. Треба да се даде предмет на кој личноста ќе се фати и ќе зима нормално воздух, или ќе повика помош, поради безбедноста на другите“ - додава Миладиновиќ.
Гостувајќи во Белградската хроника на РТС, таа кажа дека капењето на диви плажи не е безбедно за посетителите затоа што не постои направена инфраструктура.
Додаде и дека на тие места не постојат организирани служби како што се Брзата помош, спасувачката или редарската служба, кои претставуваат минимум за едно такво место да биде безбедно за престој.
Се случуваат несреќи и на базените. Одговарајќи на прашањето кој е виновен кога ќе дојде до давење, таа истакна дека тоа се ситуации кога луѓето лесно ги игнорираат советите и информациите, како и едукативните мерки кои превентивно делуваат за да не дојде до тоа.
Зборувајќи за тоа ако на базен сепак се случи паника во вода, Миладиновиќ вели дека на таквите места постои организирана спасувачка служба која е професионално подготвена за да реагира во такви ситуации.
Апелира до луѓето да не глумат херои, да не скокаат и да не даваат помош, бидејќи не знаат како.
На базените има и известување - истуширајте се, а тоа не е само проади хигиена. Објаснува дека надвор се високи температурите и кога ќе влезете во вода, каде е за 10 степени поладно, тоа претставува голем шок за организмот, па така треба постепено да се влегува во вода.