Список на најскапите родендени на децата на познатите Срби: Прослави на острови, во замоци, вредни илјадници евра

Список на најскапите родендени на децата на познатите Срби: Прослави на острови, во замоци, вредни илјадници евра

Објавена во: Совети // Семејство

Освен за забави, ѕвездите не ги штедат парите ниту за подароци...

Кога се родендените на нивните наследници во прашање, познатите личности никогаш не ги штеделе парите. Им ги исполнувале сите желби и се труделе прославите да им изгледаат светски. Ги повикувале и најистакните имиња за да им ги организираат забавите, а на крајот на најсаканите им подаруваат дури и скапи подароци. Со години наназад, јавноста често своето внимание го насочува вниманието на семејните забави на Емија Јаховиќ, Лепа Брена, Цеца Ражнатовиќ и Ацо Пејовиќ, кои и ден денес се на самиот врв на списокот со гала забави што ги организирале познатите.

Емина Јаховиќ со поранешниот сопруг, Мустафа Сандал своевремено организираше вистински рај за деца на островот Лерос во Грција. Нејзиниот син Јаман, тогаш го прославуваше својот шести роденден, а познатата мајка ништо не препушти на случајноста, иако беше среде семејно крстарење. Момчето ги дувна свеќичките на специјално направена торта, со детали од фудбалски натпревари, на изглед помеѓу Турција и Србија, но и Грција беше присутна. Сите присутни му ја пееја роденденската песна на момчето.

Драгана Мирковиќ, освен деталите од екстравагантната прослава по повод 20 - тиот роденден на синот Марко, особено ги изненади обожавателите со тоа што сподели негова фотографија, што инаку скоро па никогаш не го прави.

„Поради забраната на собири и строгите мерки во Австрија, роденденот на Марко го славевме како Ивкова слава, пет дена. Но, сè за тебе, лаву мој. Те сака мама“ - напиша пејачката во објавата.

Замокот во Виена беше украсен до најситни детали за наследникот, кој овој пат славеше само во кругот на семејството, поради епидемиолошката ситуација. Меѓутоа, тоа не ја спречи пејачката да го трансформира животниот простор, а судејќи по сè, воопшто не штедела на парите.

Кога најмладиот син на Лепа Брена, Виктор, славеше полнолетство, познатите родители обезбедија и преуредија за него и гостите простор од 2.500 квадрати, со специјално осветлување, сценографија... Според тогашните наводи на медиумите, на забавата биле поканети 500 луѓе. Покрај пејачите, присутвувале и истакнати општествени активисти, политичари, а нивните имиња и денес се чуваат во строга тајност. Најубавиот подарок за Виктор беше тоа што беше заедно со неговите браќа.

„Сè останато веќе имам, немав желба што се однесува до подарокот“ - зборуваше тогаш младиот Живојиновиќ, кој, како што се пишуваше, од колегите на мајка му и пријателите добил 100.000 евра и планирал да ги даде во добротворни цели.

„Другиот дел ќе го потрошам на патување со другарите во Италија и Шпанија. Навистина не ми беше важно ќе ми донесат пријателите, иако пликоата се секогаш добредојдени“ - искрен беше тогаш Виктор во разговорот со медиумите.

Ацо Пејовиќ исто така се истакна кога се роденденските забави на децата на познатите во прашање. Имено, во 2015 година во септември организираше неверојатна прослава по повод полнолетството на неговата ќерка Марија. Освен што ги собра најмили, за миленичката ѝ подари скапоцен џип, пренесуваа српските медиуми.

Да потсетиме, Анастасија, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена го прослави својот 23 - ти роденден во еден локал во Белград, а за ова задоволство семејството потроши 20.000 евра. Забавата воедно била и подарок, бидејќи Ражнатовиќ минатата година поради епидемиолошката ситуација не беше во можност да организира прослава.

Славеничката морала да направи список со гости, а познатата мајка тогаш наводно за тортата дала повеќе од 500 евра, за огномет околу 2.000, а потоа следуваат декорациите, подароците... И Цеца на никој не му дозволила да се меша во организацијата.


Извор: 24sedam.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: