Списокот на убавици кои ги освои е огромен: Пит Дејвидсон откри како ги заведува најубавите жени на планетата
Откако се појави фотографија на која младиот комичар ја држи во своја рака Ким Кардашијан, многумина на социјалните мрежи се прашуваат како му успева да ги заведе најубавите актерки, манекенки и пејачки на денешницата, бидејќи не се вклопува во стандардната претстава за холивудски заводник.
Откако Ким Кардашијан во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Saturday Night Live“ пред камерите во еден момент се бакна со Пит Дејвидсон, тие се видени како се држат за рака за време на возење во забавен парк. Извори блиски на ѕвездата на реалните шоуа истакнуваат дека Ким и Пит се само „пријатели“, но и дека на неа ѝ се допаѓа комичарот и актер.
Дејвидсон до сега, колку што и познато на јавноста, ги има освоено две децении постарата британска актерка Кејт Бекинсејл, поп ѕвездата Ариана Гранде, ќерката на Синди Крафорд и манекенка Каја Гербер, актерката Фиби Деневор, ќерката на Еди Мекдауел и актерка Маргарет Кволи, ќерката на познатиот Лари Дејвид, Кези Дејвид...
Неговиот љубовен живот секогаш е тема во медиумите, а многумина истакнуваат дека не им јасна желбата на познатите дами за Пит Девидсок, па веста за неговиот близок однос со Ким Кардашијан привлече многу големо внимание на социјалните мрежи.
„Убедена сум дека Пит Дејвидсон е нешто како задолжителна порота за познатите личност и дека во еден момент поголем дел од нив ќе бидат повикани да бидат со него“ - се пошегува една корисничка на Твитер.
convinced dating pete davidson is like jury duty for celebs and most ppl will be called to do it at least once https://t.co/2UB8AHmdtf
— bethany (@chandIermonica) October 31, 2021
„Сите мора да престанат да се гледаат со Пит Дејвидсон додека не утврдиме што се случува“ - напиша друга.
We need everybody to stop dating Pete Davidson until we figure out what’s going on
— charles entertainment cheese (@jmurffff) November 1, 2021
Некои актерот го нарекуваат „цигара која ја делат група средношколци“, некои велат дека е време да организира „мастерклас за заведување“, а особено се издвои шегата:
„Кралицата Елизабета е видена во друштво на Пит Дејвидсон шест месеци по смртта на нејзиниот сопруг“.
queen elizabeth spotted with pete davidson 6 months after husband’s death
— oatmeal influencer (@acechhh) November 1, 2021
Како што своевремено објасни самиот Пит, тој нема некоја посебна тајна, туку е само отворен кога некој му се допаѓа.
„Јас сум многу, многу искрен. Мислам дека многу луѓе претставуваат лажни верзии од себе, поточно тоа што би сакале да бидат, но тоа со текот на времето се разоткрива“ - кажа тој пред неколки месеци за време на гостувањето во една емисија на радио.
„Јас сум само во фазонот: Еј, јас сум луд. Ова се моите проблеми. Ова го правам. Ова е мојот терапевт. Се случува ова“ - раскажа и додаде дека неговиот пристап не успева баш со секоја жена која ќе му се допадне - „Тоа може да биде или премногу за некој или... би помислиле: Кул, ова е освежувачки искрено. Некогаш може да биде и премногу интензивно и чудно на луѓето кои не можат да се носат со такви работи.“
Како што обаснува ѕвездата на серијата „The King of Staten Island“, тој не игра игри.
„Ако ми се допаѓаш навистина ми се допаѓаш“ - вели Пит и истакнува дека играњето игри во љубовта „само создава анксиозност и многу стрес, а веќе го има во доволна мера.“
Според него клучот е во комуникацијата. Звучи едноставно, зарем не?
фото: Profimedia