Сплотени можеме да го поместиме светот: Учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и „Илија Николовски Луј“ со маестрална изведба

Сплотени можеме да го поместиме светот: Учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и „Илија Николовски Луј“ со маестрална изведба

Објавена во: Совети // School zone

На Фејсбук страницата на Државното уличиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје објавија едно прекрасно музичко видео.

Имено, неколку ученици од ова училиште заедно со нивниот професор Бобан Спасенцовски и неколку учиници од Средното музичко училиште „Илија Николовски Лиј“ го подготвија делото „Ballade pour Adeline“ од Ричард Клајдерман.

„Музиката има моќ да го промени светот! Така и овие млади луѓе преку музика го прават светот поинаков, свет во кој сите имаат еднакви шанси да успеат, СВЕТ ЗА СИТЕ! Сплотени можеме и да го поместиме светот! Светот останува на младите, а со вакви младинци светот ќе функционира одлично!“ - стои во описот на видеото, кое е нуди вистинско музичко уживање.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: