Спој на минатото и сегашноста: 21 - годишниот ДавидТодоров од Велес ја оживеа „Денови“ на Кочо Рацин

Спој на минатото и сегашноста: 21 - годишниот ДавидТодоров од Велес ја оживеа „Денови“ на Кочо Рацин

Објавена во: Stars // Музика

Давид Тодоров е 21 - годишно талентирано момче од Велес. Уште на 12 години започнал да свири гитара, а насочен е кон хард рок и погресивниот рок, кога е музиката во прашање. Помеѓу омилените бендови му се „Deep Purple“ и „Pink Floyd“.

„Од 15 годишна повремено свирам со локални кавер бендови, а пред една година се мотивирав да почнам со пишување на своја авторска музика.“ - ни открива ова Давид.

Тој деновиве го привлече вниманието на јавноста со музичката адаптација на една од најпознатите песни на Кочо Рацин - „Денови“.

„Идејата за песната ја добив читајќи го текстот кој е безвременски и до ден денес многу малку работи се сменети од денот кога е напишан. Музиката ја пишував лани во август месец, така што внимавав да се чувствува оној традиционален македонски мелос, а музичките мотиви на еден мрачен начин да ја доловаат главната идејата на Рацин, а истовремено и да ја отсликаат реалноста на модерното општество. На крај сметам дека излезе еден балансиран спој помеѓу старото и новото.“ - вели Тодоров за најновото музичко парче.

Ова музичко парче е вистинско освежување, кога е во прашање реанимирањето на песните кои некогаш ги напишале познатите македонски автори.

Песната ја миксирал Дино Зукиќ, а довербата за видео записот, Давид му ја дал на исто така младиот и талентиран Петар Тутунџиев.

„Следеше период на миксирање на песната од страна на Дино Зукиќ, а за време на тој период паралелно барав човек кој ќе може да помогне со снимање на спот. Мојот драг пријател Петар Тутунџиев, веднаш ја прифати понудата. Се договоривме да го снимаме на две локации, во археолошкиот локалитет Стоби, и во куќата на Кочо Рацин. Дополнително за да се долови идејата на песната, го зачинивме спотот со најразлични снимки од работници денес, на кои што слушајќи го текстот неминовно помислуваме. По околу месец дена процес на монтажа, за производот што излезе, Петар Тутунџиев навистина заслужува длабок наклон.“

Ова е вистински доказ дека времето на овој млад музичар допрва доаѓа, а додека сме во очекување на нова музика од него, ќе уживаме во неговата музичка адаптација на денови:


Р.Х.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: