Според обичаите: Еве како Justin ја запроси Hailey!
Justin и Hailey Bieber уживаат во љубовта и на секој можен начин секојдневно покажуваат колку се заљубени!
Тоа со задоволство го споделуваат на социјалните мрежи, па често гледаме како „гулапчињата“ се мазат и бакнуваат на фотографиите. Иако ја одложија црковната венчавка, Hailey и Justin се во брак, а како дошло до тоа, Hailey конечно одлучи да сподели со фановите.
Имено, Justin ја запросил за време на патувањето на Бахами. „Во куќата бевме само ние двајца. Беше навистина посебно“, призна таа и додека дека пред да клекне пред неа, Justin побарал дозвола од нејзиниот татко.
Некои обичаи никогаш не стареат, а како што веќе знаеме, Justin уште еднаш потврди дека е голем џентламен.