Спортските сали ги заменија со компјутери: Како се снаоѓаат наставниците по Физичко образование?
Далечинското учење е во полн ек и преку различни платформи и апликации професорите и наставниците ја остваруваат комуникацијата со своите ученици. Секој професор на различен начин пристапува и се труди на учиниците да им го пренесе своето знаење по предметот за кој е специјализиран.
Во целава оваа ситуација сите сметаат дека часовите по Физичко образование се тотално изгубени, но со својата работа ова го дематира наставник од едно основно училиште во Скопје, кој работи со учениците од шесто до деветто одделение.
„Часовите ги држам преку ZOOM во предходно договорено време со уцениците. Работам по наставната програма. Со учениците разговараме за наставната единица, поставувам прашања и им давам за задача да направат вежби и да ми испратат видео од истите.“ - вели тој.
Истакнува дека е задоволен од работата на учениците со оглед на моменталната ситуација и условите кои ги имаат.
„Учениците реагираат позитивно и навреме ги извршуваат задачите кои им ги задавам.“ - не го криеше задоволството овој наставник.
Оценувањето е поделено во неколку дела и секоја завршена обврска ја формира финалната оценка.
„Ги оценувам преку одговарање на прашања за време на предаванњта преку ZOOM и од изработките на задачите што им ги задавам и секако од видеата што ми ги испраќаат со изработените практични вежби.“ - завршува тој.
И. Мисајловска
Може да ве интересира:
Спроведуваме тестирања преку интерактивни квизови: Директорката на ООУ „Песталоци“ за онлајн наставата