Спремна за мажење: Марија Шерифовиќ подготви македонско традиционално јадење
Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ, откако започна пандемијата, малку повеќе се посвети на социјалните мрежи, поточно на Јутјубот. Имено, таа стана јутјуберка, а со видеата кои ги објавува ги смее и весели своите обожаватели.
Досега објави неколку видеа со разни содржини, а видеото што особено се издвои од останатите е она во кое правеше торта, која за жал на крајот заврши на под. Но, Марија не застана тука, па затоа сега повторно ги засука ракавите и под надзор на мама Верица, подготви едно македонско традиционално јадење - сарма.
Како изгледаше овој процес и колку беше успешна Марија во ова, погледнете во видеото во продолжение: