Шерифовиќ пред нов „Јутјуб“ предизвик: За првпат направи торта, а еве каде заврши истата
Дека тоа што ќе го вети го исполнува докажа уште една. Откако за време на карантинот најави дека ќе стане јутјуберот, евровизиската победничка Марија Шерифовиќ си го одржа зборот и пред две недели го објави првото видео на својот јутјуб канал.
Но, приказната не заврши тука. По помалку од две недели следуваше уште едно видео, во кое ги потсети своите следбеници на сите Инстаграм сториња што ги објавуваше во текот на 28 - те дена самоозолација.
Дека јутјуберската кариера на Марија Шерифовиќ тргна, докажа и нејзиното најново видео. Во него таа реши за првпат во својот живот да направи торта. Оваа авантура ја имаше во слаткарницата на нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, која за време на целата постапка ѝ асистираше. Оваа мисија заврши успешно, за што има и доказ, но за да дознаете каде заврши првата торта на пејачката, погледнете го видеото во продолежение: