Спремни да помагаат: Студенти по медицина се вклчуваат на фронтот во битката против Ковид-19

Спремни да помагаат: Студенти по медицина се вклчуваат на фронтот во битката против Ковид-19

Објавена во: Совети // School zone

Во наредните шест месеци, на секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје. 

„Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шестта година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза. Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа“, соопшти утрово министерот Венко Филипче.

Студентите од шестта година по општа медицина кои активно се вклучуваат во поддршка на своите колеги во борбата против ковид-19, вчера на средбата со министерот за здравство, едногласно рекоа дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува. 

Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците, појасни министерот за здравство.

Со ова, тие ќе им помогнат на здравствените работници кои го носат најголемиот товар во оваа криза. Идните лекари, освен што ќе стекнат искуство, ќе ја реализираат и клиничката пракса по јавно здравје која ја извршуваат во шестата година од студиите и истата ќе им биде признаена - стои во објавата.

Одлуката - студентите по медицина да помагаат во битката со Ковид-19 е секако за почит, согласни се граѓаните, а според коментарите на Фејсбук објавата од министерот, еден дел ја поддржуваат и поздравуваат одлуката, додека дел од нив сметаат дека е премногу ризично, студентите да бидат веднаш ставени на фронтот. 

Најголемиот товар од ковид кризата падна на грбот на здравствените работници, а со цел да се намали нивниот терет, како и од причина што болничките капацитети се полнат поради се поголемиот број на хоспитализирани, а медицинските лица не можат да постигнат, донесена е одлука студенти по медицина активно да се вклучат и да бидат ангажирани во помагање со справувањето со вирусот, на нивна согласност.

Состојбата со коронавирусот значително се влошува, а болниците забрзано се полнат. Надлежните активно работат на изготвување нови мерки и донесување нови одлуки за успешно справување со коронавирусот, особено деновиве кога таканаречениот есенски бран, зема голем замав.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: