„Squid Game“ го освои светот: Што сè треба да знаеме за втората сезона на серијата?
Серијата „Squid Game“ ги освои претплатниците на Нетфликс ширум светот за помалку од две недели: во целиот свет, па и кај нас, првата сезона е помеѓу 10-те најгледани.
Популарноста на серијата е толкава што наскоро би можела да стане и најгледаната во историјата на Нетфликс. Со оглед на големата гледаност, логично е прашањето - ќе гледаме ли втора сезона од серијата?
Гледачите желно посакуваат да гледаат продолжение на оваа необична серија, а повлечени од заработката тоа го сакаат и од Нетфликс. Бела Бајариа, шефицата на Нетфликс, навести дека за втора сезона се разговара. Сепак, снимањето ќе зависи од распоредот на креаторот на серијата, Hwang Dong-hyuka.
„Hwang снима филм и има уште проекти на кои работи па се обидуваме да направиме функционален распоред за него“ - кажа Бела за магазинот „Voulture“.
Иако Hwang сè уште не ја потврди втората сезона, откри ново потенцијално сценарио кое ќе се фокусира на злоупотребата на полициските овластувања.
„Мислам дека проблемот со полициската брутанолност не постои само во Кореја. И во светските вести гледам дека се појавува тој проблем и сакам да ја подигнам свеста за тоа. Можеби во втората сезона ќе имам можност да зборувам за тоа повеќе“ - кажа Hwang во интервјуто за „The Times“.
Имајќи предвид дека втората сезона не е уште официјално потврдена, тоа нема да биде наскоро. Доколку сниамњето почне на почетокот на 2022 година, веруваме дека новите епизоди би можеле да бидат готови дури во 2023 година.