„Squid Game“, отстапи: Новата јужнокорејска серија ги руши рекордите на гледаност

„Squid Game“, отстапи: Новата јужнокорејска серија ги руши рекордите на гледаност

Објавена во: Stars // Филм

Гледачите ќе може да доживеат врвна напнатост низ шесте епизоди, колку што трае првата сезона...

Новата хит серија „Hellbound“ во рекорден рок ги собори сите рекорди на гледаност и се искачи на самиот врв на најгледани серии.

На Нетфликс пристигна на 19 ноември и за помалку од 24 часа забележа огромен успех.

Оваа комбинација од хорор, акција и фантастика преку ноќ стана глобален феномен, пишува „B92“.


Во центарот на случувањата се наоѓа група на насилни демони кои ловат поединци на кои претходно им е најавено кога и каде ќе умрат. Колку ѝ да бегаат, демоните на крајот ги стигнуваат и ги носат во пеколот, а зад нив на Земјата останува само пепел. Започнува колективна хистерија и бројни верски расправи. Мистеријата на демоните ќе се обиде да ја открие полицискиот детектив, новинар и адвокат и така, следствено ќе се обиде да ги толкува настаните.

Серијата ја има режирано Јеон Санг-хо, а премиерно беше прикажана во септември на Филмскиот фестивал во Торонто.

„Squid Game“, на Нетфликс од 19 септември, 46 дена го држеше рекордот на најгледана серија. Се проценува дека дури 142 милиони домаќинства од 94 држави ја погледнале серијата и дека профитот изнесува 900 милиони долари.

фото: YT/Netflix Philippines

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: