„Squid Game“ станува најголемо реално шоу на сите времиња: Нетфликс ветува награда од 4,5 милиони долари
Кој ќе победи, ќе стане милионер...
Планетарно популарната серија „Squid Game“ нема да добие само втора сезона, туку ќе прерасне и во „најголемото реално шоу на сите времиња“. Барем така тврди Нетфликс, стриминг гигантот, кој одлучи да го реализира ова натпреварување.
Иако нема да биде прашање за живот или смрт (барем се надеваме), „Squid Game: The Challenge“ ќе има 456 играчи кои ќе се натпреваруваат во низа игри, со цел да освојат 4.56 милиони долари. Нетфликс тврди дека оваа исплата ќе биде најголема паушална парична награда во историјата на телевизијата (иако Х-Фактор на фокс даваше договори за снимање во вредност од 5 милиони долари).
„„Squid Game“ со брзина на светлината го освои светот со неверојатната приказна и иконски слики“ - изјави Брендон Риг, еден од претставниците на Нетфликс.
„Благодарни сме на таа поддршка додека го претвараме измислениот свет во реалност во ова големо натпреварување и општествен експеримент. Љубителите на драмските серии ги очекува фантастично и непредвидливо патување додека нашите 456 натпреварувачи од реалност свет поминуваат низ најголемиот натпреварувачки предизвик на сите времиња, полн со напнатост и пресврти, со најголема парична награда на крајот“.
Реалното шоу ќе се состои од 10 епизоди (една повеќе од првата сезона), а исто така е објавено и тизер видео:
фото: Netflix/IMDB