Србија беше единствен учесник од Балканот: Победата на детската Евровизија ја однесе Франција

Србија беше единствен учесник од Балканот: Победата на детската Евровизија ја однесе Франција

Објавена во: Stars // Музика

Иако во мај беше откажана големата Евровизија, сепак вчера вечер во Варшава, Полска се одржа 18 - тата по ред Јуниорска Евровизија. Иако учесниците не настапија во живо,тие испратија видеа од своите настапи, кои ги снимија во својата земја. 

Оваа година учествуваа 12 земји, а единствениот учесник од Балканот беше Србија, која заврши како претпоследна. 


Победата ја однесена Валентина, со песната „J'imagine“ („Си замислувам“), која доаѓа од Франција.


Според резултатите од гласањето на професионалното жири и публиката, песната доби 200 поени. Второто место го зазеде Казахстанката Каракат Башанова, а трет беше претставникот на Шпанија – Солеа.

Освен Србија, Франција, Казахстан и Шпанија, учествуваа и Германија, Холандија, Белорусија, Полска, Грузија, Малта, Русија и Украина.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: