Срце како планина: Беше напуштен, запуштен и болен, а потоа Јелена Карлеуша го спаси

Срце како планина: Беше напуштен, запуштен и болен, а потоа Јелена Карлеуша го спаси

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

- Оние кои го исфрлија на улица и насилно го истераа од капијата кога се врати, нека видат како ова куче сега живее подобро од нив - напиша Карлеушта

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша е позната по својата борба за правата на животните, а нејзината секојдневна борба се сведува на тоа да спаси што повеќе животни, а не да се убиваат за месо.

Јелена покажа дека хуманоста нема граници со својот нов гест, кој ги воодушеви фановите.

Имено, Карлеуша видела дека една организација спасила напуштено куче и решила да му го понуди својот дом.

- Беше отфрлен, исфрлен на улица, пронајден во тешка состојба на депонија во фотелја во распаѓање. Добрите луѓе од „Ventura udomi“ го спасија и објавија слики, го средија, избањаа, го лечеа на ветеринар. Тогаш се појави чудна русокоса жена со желба да го посвои. И нечиј живот од денес се претвора во бајка.


- Посвојувајте животни, сакајте ги животните, помагајте им на животните! П.С. А тие што го исфрлија на улица и го избркаа од капијата кога се врати, нека видат како ова куче  сега живее подобро од нив. Подобро не заслужија - напиша Јелена во описот на фотографиите од кучето како изгледало порано и како сега ужива во нејзините прегратки.

Стотици коментари од обожавателите го поздравија нејзиниот гест.

„Честито жено со големо срце“, „Срце како планина“, „Браво, убава“- се само дел од коментарите.


Извор: www.telegraf.rs


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: