Среде настап објави дека е трудна: Марија Микиќ на симпатичен начин ја соопшти веста синоќа на „Беовизија“
Изненадување под фустанот тежок 15 килограми
Шармантната пејачка синоќа освои пласман во финалето на првата полуфинална вечер на „Песна за Евровизија 22“, односно српски избор за песна на Евровизија, Беовизија, а на сцената ги потврди гласините дека наскоро ќе стане мајка, на симпатичен начин со помош на специјален реквизит.
Пејачката Марија Микиќ синоќа се најде меѓу 18 изведувачи кои настапија во првото полуфинале на натпреварот „Песна за Евровизија“. Таа и нејзината песна „Love Inspires Me“ се меѓу омилените, а Марија се погрижи нејзиниот настап да остане во сеќавање на сите и да биде забележан и од домашната и од евровизиската публика.
Постојано насмеана Марија настапи во величенствена тоалета направен од слоеви тул, за кој медиумите пишуваат дека тежи дури 15 килограми. Пејачката со неа го сокри трудничкиот стомак, а на крајот од настапот извади цуцла и ја стави во уста и ги стави дланките на стомакот.
Иако се шпекулираше дека е бремена, Марија досега не сакала ниту да ја потврди ниту да ја демантира убавата вест.
- Сега треба да се концентрирам на ова, за да биде се како што треба! Сепак, ова е мојата животна можност – изјавила Марија за Глоси.
По настапот, во зелената соба, Марија ја трогна симпатичниот гест на водителката Кристина Раденковиќ и водителот Стефан Поповиќ, кои ѝ подарија боди за бебето со натпис „Бебовизија“.
Вечерва ќе се одржува втора полуфинална вечер, а веќе утре ќе се знае кој ќе ја претставува Србија на Евровизија.
извор:GLOSSY