Средношколци добиле задача да рецитираат песна: Ученик одбра еден од најголемите хитови на балканските репери
Ако ова не е добра рецитација...
Како би звучила песната на овие балкански изведувачи како сериозна рецитација на училиште? Еден ученик добил една малку луда идеја и пред своите соученици и професорот како песна која ќе ја рецитира го одбра еден од најголемите хитови на познатите рапери - Буба и Јала.
Не е тајна дека овие рапери жарат и палат на музичката сцена и дека се навистина популарни помеѓу сите генерации, особено кај младите. Овој ученик дури отишол толку далеку што нивниот хит „Она' е“, го одбрал како песна која ќе ја рецитира за време на наставата.
Не е познато на кој час во училиште се одржувало рецитирањето или пак која била задачата, но видеото на кое се гледа еден ученик како ја рацитира песната пред професорката стана вистински хит. Со причина! Сигурно никогаш не сте помислиле дека оваа песна ќе ја слушнете во ваква верзија.
@elenaatadiic ponos familije #onae #jalaibuba #fyp original sound - Elena Tadic
Целиот клас бил воодушевен од рециталот и на крајот момчето го наградиле со најверојатно најсилен аплауз кој некој го добил по рецитирање. Малку го има изменето текстот за да биде попримерен за на училиште, но крајниот разултат е генијален.
фото: Принтскрин/ТикТок/Youtube